Народната банка ја намали основната камата за 1%. Од сегашните 7,5 % каматата на благајничките записи паѓа на 6,5%. Исто толку се намалија и каматите за кредитите што ги одобрува на банките за да се покрие дневната ликвидност. Девизните резерви, иако незначително, бележат раст, трговскиот дефицит на годишна основа се намалува, трендовите во надворешниот сектор се релативно подобри во споредба со проектираните, вака Народната банка го објаснува овој мартовски потег за олабавување на монетарната политика. За банкарите, за разлика од претходните намалувања, ова е позначителен пад што ќе предизвика ново поевтинување на кредитите. Ќе следат нови пресметки, извесно е дека ќе се намалуваат каматите и на кредитите и на депозитите. Допрва ќе се пресметува кои кредити и по кој основ ќе поевтинуваат, ќе има значајно намалување на каматите за депозитите и за кредитите, некои продукти ќе се намалат за 1%, колку што се намалија каматите на записите, велат од Комерцијална банка.
Народната банка ја намали основната камата за 1%. Од сегашните 7,5 % каматата на благајничките записи паѓа на 6,5%.
Исто толку се намалија и каматите за кредитите што ги одобрува на банките за да се покрие дневната ликвидност.
Девизните резерви, иако незначително, бележат раст, трговскиот дефицит на годишна основа се намалува, трендовите во надворешниот сектор се релативно подобри во споредба со проектираните, вака Народната банка го објаснува овој мартовски потег за олабавување на монетарната политика.
За банкарите, за разлика од претходните намалувања, ова е позначителен пад што ќе предизвика ново поевтинување на кредитите.
Ќе следат нови пресметки, извесно е дека ќе се намалуваат каматите и на кредитите и на депозитите, велат од НЛБ Тутунска банка.
Допрва ќе се пресметува кои кредити и по кој основ ќе поевтинуваат, ќе има значајно намалување на каматите за депозитите и за кредитите, некои продукти ќе се намалат за 1%, колку што се намалија каматите на записите, велат од Комерцијална банка.
Новите пониски камати најверојатно ќе се пресметуваат од мај.